Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Полуголи мажи на штикли во спотот на Мадона за „Girl Gone Wild“

ВИДЕО: Полуголи мажи на штикли во спотот на Мадона за „Girl Gone Wild“

Навраќајќи се на црно-белиот микс на еротика и гламур кој толку добро го интерпретираше во својот мега-популарен спот за „Vogue“, Мадона повторно ги искористи елементите кои ја прославија – секс, стил и контроверзност.

Во спотот за песната „Girl Gone Wild“, 53-годишната ѕвезда танцува со вртоглаво високи потпетици, победувајќи ја гравитацијата. Во неколку сцени од видеото режирано од Мерт и Маркус, познатата пејачка танцува со полуголи млади мажи качени на високи штикли. Всушност, се работи за танчарската група Kazaky, составена само од мажи кои ги покажуваат своите способности за танцување на високи потпетици.

„Girl Gone Wild“ е дел од новиот албум на Мадона, „MDNA“, кој во САД ќе биде пуштен во продажба на 26 март.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11999 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.