Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мадона покажа мускули, ја „пецна“ Лејди Гага и одржа говор за мир во светот

Мадона покажа мускули, ја „пецна“ Лејди Гага и одржа говор за мир во светот

Мадона ја започна својата нова светска турнеја MDNA. Првиот концерт го одржа во Тел Авив, Израел, а публиката, како што и очекуваше, доби забавен концерт исполнет со многу енергични изведби.

Мадона Мадона

53-годишната кралица на поп музиката покажа дека е во одлична физичка форма. Тешко е да не се забележат мускулестите раце и нозе на разиграната пејачка која го започна концертот со новиот хит „Girl Gone Wild“.

Мадона Мадона

„Girl Gone Wild“

Мадона повлече и потег кој ги разлути „малите чудовишта“ на Лејди Гага. „Таа не е јас“ – запеа Мадона веднаш по „Express Yourself“, која беше преработена така што содржеше и дел од популарната „Born This Way“ на Лејди Гага. Со тоа Мадона на некој начин потврди дека се согласува со оние кои сметаат дека Гага „позајми“ многу од нејзиниот стар хит. Уште по појавувањето, „Born This Way“ често беше споредувана со „Express Yourself“. Еве видео од изведбата:

Освен новите хитови, Мадона пееше и незаборавни постари свои песни како „Like a Virgin“, потсетувајќи ги присутните зошто е нарекувана кралица на поп музиката.

„Like a Virgin“:

Околу 35.000 ентузијасти аплаудираа по секоја нејзина изведба. Кон средината на концертот Мадона одржа и краток говор за мир во светот. „Избрав да ја започнам мојата светска турнеја во Израел поради многу специфична и важна причина. Како што знаете, Блискиот Исток и сите конфликти кои се случија тука и ги имало тука илјадници години... мора да прекинат... Не можеш да бидеш мој обожавател и да не сакаш мир во светот, ОК? Сите сме човечки суштества. Сите крвариме во иста боја“ – со овие зборови Мадона ѝ се обрати на големата публика.

Мадона

Можете да го слушнете целосниот говор во следново видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12009 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.