Кортни Кокс беше интервјуирана од 15-годишната ќерка Коко во слатко видео за нејзиниот серијал „9 Months With Courteney Cox“.
55-годишната актерка одговараше на прашања за мајчинството, бременоста и детството на нејзината единствена ќерка.
Запрашана како би ја опишала бременоста со три збора, Кортни вели: „Возбудлива, емоционална и одлична“. Таа додаде дека бременоста ја асоцира на зборот „хормони“, а мајчинството на „љубов“.
Кортни отворено има изјавено дека имала неколку спонтани абортуси пред да ја добие Коко со инвитро. „Забременував прилично лесно, но ми беше тешко да ги задржам“ – рекла таа во 2003 година.
Видеото е всушност тизер за втората сезона од серијалот на Кокс.

За Денот на мајката, Кокс сподели фотографија на која позира со мајка си и Коко.
Неодамна, таа објави видеа на кои свири пијано, а Коко пее.