Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кортни Кокс се разведува, а Дејвид Швимер тајно се оженил

Кортни Кокс се разведува, а Дејвид Швимер тајно се оженил

Кортни Кокс и Дејвид Аркет објавија дека се разделуваат по 11 години брак, но сè уште се пријатели.

Кортни Кокс и Дејвид АркетКортни Кокс и Дејвид Аркет

Ние остануваме најдобри пријатели и одговорни родители на нашата ќерка и сè уште многу се сакаме.

Заедничка изјава на Кортни Кокс и Дејвид Аркет

Кортни и Дејвид се запознаа во 1995г. за време на снимањето на филмот Scream, а стапија во брак четири години подоцна. Тие се горди родители на шестгодишната Коко.

Уште минатата година Кортни призна дека имаат проблеми во бракот и дека одат на брачно советување. Веста за разделбата ја соопшти списанието InTouch.

Токму кога стана јасно дека бракот на 46-годишната Кокс се распадна, се појави и информација дека друг бивши „пријател“ скокнал во брачните води.

Дејвид Швимер, кој заедно со Кортни беше дел од легендарната екипа на серијата „Пријатели“, тајно се оженил пред 4 месеци.

Дејвид Швимер и Зои БакменДејвид Швимер и Зои Бакмен

43-годишниот актер преку свој претставник соопшти дека се оженил со 25-годишната Зои Бакмен уште во почетокот на јуни. Дејвид Швимер и Зои се заедно од 2007г., а во март потврдија дека се свршени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.