Џастина Мајлс стана вирален хит. Интерпретаторката на знаковен јазик, која беше ангажирана за настапот на Ријана, со ентузијазам и енергија ги интерпретираше песните на славната пејачка.
Видеата од неа инстантно се распространија на социјалните мрежи.
Џастина е првата изведувачка за глуви лица на најголемиот американски спортски настан. 20-годишната девојка студира за да стане медицинска сестра и специјалист за американски знаковен јазик.

„Оваа знаковна интерпретаторка ги имаше движењата кои Ријана ги немаше“, „Џустина Мајкл треба да биде во центарот на танцовиот тим на Ријана. Одлична е“ „Знаковната интерпретаторка требаше да биде на сцената со Ријана“ – се дел од коментарите на воодушевените гледачи.
Um Justina Miles for the ASL #SuperBowl #Rihanna was the true star of the #AppleMusicHalftimeShow pic.twitter.com/4WKeFxFG06
— Moíciara (@moiciaratoo) February 13, 2023
The ASL interpreter for Rihanna is going in! #SuperBowl pic.twitter.com/0Yw0LbeAK2
— Ash J (@AshAgony) February 13, 2023




