Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Дејвид Бекам „остарен“ и со седа коса во кампања за борбата против маларијата

ВИДЕО: Дејвид Бекам „остарен“ и со седа коса во кампања за борбата против маларијата

Дејвид Бекам континуирано ја подигнува свеста за решавање на важни проблеми со кои се соочува човештвото денес.

45-годишниот поранешен фудбалер сними кампања за борбата против маларијата.

Во краткиот филм, славниот Британец најпрво е прикажан во иднината, остарен и со седа коса и брада. Во јавен говор, тој изјавува дека конечно успеавме да го победиме најстариот и најсмртоносниот непријател на човештвото – маларијата.

Потоа, Бекам е прикажан во сегашноста, во која сè уште се соочуваме со оваа смртоносна болест. „Како татко, ми се крши срцето што на секои 2 минути умира по едно дете од маларија“ – вели тој.

„Горд сум што го споделувам овој филм и што ја пренесувам пораката дека поздрава иднина е возможна“ – пишува Бекам.

Маларија е заразна болест што ја предизвикува мал паразит наречен плазмодиум. Светската здравствена организација процени дека во 2018 година имаше 228 милиони нови случаи на маларија, а 405.000 имаа фатален исход.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.