Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Во куќата на Марк Цукерберг

ВИДЕО: Во куќата на Марк Цукерберг

Ако очекувате да видите голема современа куќа опремена со последните производи на технологијата, тогаш сте на погрешното место. Триесет и петтиот најбогат човек во САД, Марк Цукерберг, живее скромно во полуопремена куќа, иако се проценува дека поседува богатство од 6,9 милијарди долари.

26-годишниот основач на Фејсбук, најпопуларната социјална мрежа во светот, за прв пат ги отвори вратите на својата куќа пред камерите на Опра, со цел луѓето поблиску да се запознаат со него.

Куќата на Марк ЦукербергКуќата на Марк Цукерберг

Марк живее заедно со својата девојка Присила (со која се во врска 3 години) во изнајмена скромна куќа во којашто нема многу мебел. Марк пред камерите откри дека во моментов учи кинески, за да може да зборува со членови на семејството на Присила, кога кон крајот на годината заедно ќе одат на одмор во Кина.

Марк и неговата девојка Присила ЧенМарк и неговата девојка Присила Чен

Успешниот бивши студент на Харвард не го зема својот успех здраво за готово. Тој поминува по 16 часа секој ден во својата компанија. Во емисијата на Опра Марк беше покажан како седи на биро заедно со други вработени во фирмата и работи на својот лап топ.

Цукерберг учествуваше во шоуто на Опра за да објави дека донираше 100 милиони долари за подобрување на образовниот систем во Њујорк. Опра објави и дека Марк сакал да остане анонимен, но го убедиле дека со објавувањето тој може да послужи како пример за другите, па така Марк се согласил јавно да биде објавена донацијата.

Прикажувањето на куќата на Цукерберг започнува по 2 и пол минути од видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.