Андреа Бочели сними божиќна верзија на баладата „Return to Love“ за саканата сопруга Вероника.
За да ѝ се заблагодари за нејзината поддршка во животот и во кариерата, Бочели ѝ организираше изненадување.
На почетокот, Вероника мисли дека ќе оди на снимање на интервју, но со заврзани очи таа е одведена во празнично украсена просторија каде ја дочекува самиот Бочели со мал хор. Потоа тој ѝ ја пее љубовната песна.
Видео
Андреа и Вероника се запознаа во 2002 година, а во март 2012 година им се роди ќерка. Парот се венча во март 2014 година. Славниот пејач има и два сина од првиот брак.

