Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: „Runaway“ – Селита Ибенкс и Кание Вест во неговиот краток филм

ВИДЕО: „Runaway“ – Селита Ибенкс и Кание Вест во неговиот краток филм

Краткиот филм „Runaway“ на Кание Вест веќе е достапен за сите кои имаат да издвојат 34 минути од своето време.

Во филмот за којшто толку многу се зборуваше се прикажува феникс кој паѓа на Земјата. На почетокот Кание Вест го пронаоѓа фениксот, во чија улога е бившиот модел на Victoria’s Secret Селита Ибенкс, потоа се грижи за неа, а таа се обидува да се вклопи во современата култура.

Селита ИбенксСелита Ибенкс како феникс во краткиот филм Омотот на „Runaway“Омотот на „Runaway“

„Таа ми станува девојка, луѓето ја дискриминираат и на крајот таа мора да се запали жива и да се врати во нејзиниот свет“ – изјавил Кание за MTV.

Приказната за фениксот всушност ја симболизира музичката кариера на Кание. „Идејата за фениксот веќе подолго време е во моето срце. Таа е можеби паралелна на мојата кариера. Минатата година фрлив молотов коктел на мојата кариера (мислејќи за инцидентот со Тејлор Свифт) и морав да се вратам како подобра личност“ – објаснил познатиот рапер.

Видеото е режирано од самиот Вест, а е снимано во Прага. Бидејќи неговата намена е да го промовира новиот албум на Кание „My Beautiful Dark Twisted Fantasy“, музиката во видеото е од неговите најнови песни „Devil in a New Dress“, „Power“, „All of the Lights“, „Lost in the World“ и „Runaway“.

„Runaway“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.