Луксузната свадба на Софија Ричи и Елиот Грејнџ го развесели „Hotel du Cap-Eden-Roc“.
Во хотелот во Антиб, Франција, пристигнаа бројни славни гости за да се радуваат на започнувањето на новото животно поглавје на Софија и Елиот.
Официјалните фотографии од прославата на 24-годишната ќерка на пејачот Лајонел Ричи и 30-годишниот музички продуцент ги објави списанието „Вог“.
Среќната невеста заблеска во венчаница од Шанел, а носеше уште две невестински креации од истиот француски бренд.


Лајонел ја одведе својата ќерка до олтарот. „Татко ми отсекогаш ми беше најголемата утеха. Бев навистина нервозна пред да одам по патеката до олтарот – како да имав сценски страв, адреналинот ми беше на високо ниво. Но, имавме повеќе од седум минути за да позборуваме и тој ми рече: ‘Ти си љубовта на мојот живот и многу сум среќен за тебе’. Беше многу емотивно и среќна сум што ги имам моите родители. Многу сум благодарна“ – изјавила Софија.








Парис Хилтон, Камерон Дијаз и грчката принцеза Марија Олимпија беа меѓу славните личности на забавата. Сестрата на Софија, Никол Ричи, носеше елегантна црна креација, а нивната мајка Дијана избра раскошен златен фустан со наметка.
























