„Harper’s Bazaar“ покани успешни музичари да снимат фотосесија за најважното издание на списанието – септемвриското.
Мараја Кери, Кристина Агилера, Кание Вест, Стивен Тајлер, Лајонел Ричи, Брус Спрингстин и Ерика Баду позираа со своите деца за едиторијалот насловен „ИКОНИ: Првите семејства на музиката“.
Музичките ѕвезди споделија желби и совети кои ги имаат за своите чеда.
„Обожавам што сум мама-мечка и што им пружам поддршка, сила и безбеден рај на моите бебиња и сакани личности, знаејќи дека, пред сè, тоа е најважната работа која ја имам“ – Кристина Агилера.
Агилера со 10-годишниот Макс и 4-годишната Самер  
„Се надевам дека моите деца никогаш нема да ја изгубат довербата во општеството“ – Кание Вест
Кание со 5-годишната Норт и 2-годишниот Сент  
„Семејството ми е најважно. Децата ми даваат таква радост и имаат развиено сопствени уникатни карактери“ – Мараја Кери.
Мараја со 7-годишните близнаци Марокан и Монро  
„Мојот најдобар совет за ќерка ми: Насочи го фокусот кон она што најмногу го сакаш“ – Брус Спрингстин
Брус со 26-годишната Џесика  
„Посакувам моите деца да откријат кои се и да ги истражат нивните страсти во целост“ – Лајонел Ричи.
Лајонел и 36-годишната Никол  
Во фотосесијата се вклучија и ќерките на легендарниот Кит Ричардс, Александра и Теодора.
Александра и Теодора Ричардс  
Ерика со 14-годишната Пума и 9-годишниот Марс  
Во видеото се појавуваат и ќерката на Стивен и Лив Тајлер и ќерката на Мајкл Џексон.
		
