Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ве сакам со целото срце“: Џорџина Родригез со децата за 5-тиот роденден на близначињата

„Ве сакам со целото срце“: Џорџина Родригез со децата за 5-тиот роденден на близначињата

Близначињата на Кристијано Роналдо наполнија 5 години. По тој повод, Џорџина Родригез организираше мала домашна прослава.

28-годишниот модел сподели фотографии од забавата за Ева и Матео. Тортата за ќеркичката беше со Ана и Елза од „Frozen“, додека за малото синче - во облик на Ферари.

„Среќни 5 години на љубовите на мојот живот. Мама не може да биде погорда на вас и на прекрасните личности кои станувате. Ве сакам со целото срце“ – напиша таа во описот на фотографиите со Ева, Матео, Кристијано Џуниор и Алана Мартина.

роденден на Ева и Матео роденден на Ева и Матео роденден на Ева и Матео роденден на Ева и Матео роденден на Ева и Матео роденден на Ева и Матео роденден на Ева и Матео

Роналдо не беше присутен поради професионални ангажмани. Тој им го честиташе роденденот на своите деца со фотографија и порака. „Среќен роденден мои сакани. Тато не може да биде погорд на вас, продолжете да бидете среќни со тие прекрасни насмевки. Ве сакам многу“ – стои во описот на фотографијата од слатките близначиња.

На Кристијано и Џорџина им се роди уште една ќеркичка во април. Тие очекуваа близнаци, но за жал, нивното синче почина по раѓањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27889 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.