Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вака Србија ги слави своите јунаци: Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ на највисоката зграда во Белград

Вака Србија ги слави своите јунаци: Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ на највисоката зграда во Белград

Србија се гордее со своите шампиони. Новите успеси на Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ беа славени со видеа на највисоката зграда во Белград – „Кула Белград“.

Ѓоковиќ стана најдобриот тениски играч на сите времиња со големата победа на Ролан Гарос и освојувањето на 23-тиот Грен Слем во својата кариера.

„Уште еден успех, уште еден рекорд! Повторно сме сведоци на величествениот триумф на најдобриот меѓу најдобрите. Новак Ѓоковиќ потврди зошто е број еден во светот“ – напишаа од Кула Белград.

Јокиќ беше прогласен за најкорисен играч во финалето од НБА лигата откако ги одведе Денвер Нагетс до победа.

„Од Сомобор до Денвер, од локалниот терен до НБА тронот – златно дете, Никола Јокиќ. Нема други зборови, освен фала за оваа гордост на целата нација“ - стои во описот на видеото за Јокиќ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25599 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.