Ријана прифати голем предизвик. Славната пејачка, која 7 години паузираше од сценски настапи, оваа година ќе ја забавува публиката на полувремето на Супер Боул.
34-годишната музичка ѕвезда, која стана мајка во мај минатата година, го прифатила овој ангажман само три месеци по породувањето. За време на најновото интервју, Ријана зборуваше токму за тоа.

„Кога првпат добив повик за да го направам ова, си помислив: ‘Псст, дали си сигурна?’. Беа поминати само три месеци од породувањето и се прашував дали треба да носам вакви важни одлуки сега. Мислев дека можеби ќе се каам за тоа. Но, кога ќе станеш мајка, нешто се случува и мислиш дека можеш да го освоиш светот, дека можеш да направиш сè. Супер Боул е една од најголемите сцени на светот. Колку и да беше застрашувачко тоа што не сум била на сцената седум години, има нешто возбудливо во тој предизвик. И за мене е важно да го направам ова годинава. Важно е мојот син да го види тоа“ – изјави Ријана.
Таа носеше модна комбинација од брендот Alaïa.










Супер Боул ќе се одржи на 12 февруари.