Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бремената Серена Вилијамс разголена за Vanity Fair, позираше и со свршеникот

Бремената Серена Вилијамс разголена за Vanity Fair, позираше и со свршеникот

Серена Вилијамс е ѕвездата од августовското издание на Vanity Fair. Исклучително успешната тенисерка позираше топлес, разголувајќи го големото трудничко стомаче.

Фотосесијата во која беше вклучен и свршеникот на Серена, Алексис Оханијан, е дело на Ени Либовиц.

Серена Вилијамс Серена Вилијамс Серена Вилијамс

Во интервјуто за списанието, 35-годишната спортистка зборуваше за моментите кога му кажала на Алексис дека ќе имаат дете и за неговиот предлог за брак.

Откако дознала дека е во блажена состојба, Серена го повикала Алексис и без зборови му дала кеса со шест позитивни тестови за бременост. Сето тоа се одвивало пред почетокот на Отвореното првенство на Австралија во тенис. Докторите процениле дека нема ризик таа да учествува, па Серена решително играше и го освои трофејот додека беше во првото тримесечје од бременоста.

За запросувањето таа искоментира: „Знаев дека доаѓа предлогот за брак. Си велев: Серена, имаш 35 години, подготвена си. Ова е она што го сакаш.“

Серена Вилијамс Серена Вилијамс Серена Вилијамс

Вилијамс е убедена дека во јануари ќе се врати на терените. „Сметам дека мојата приказна не е завршена“ - вели таа.

Серена Вилијамс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.