Ријана го посети својот омилен ресторан „Giorgio Baldi“ во Санта Моника. Додека си заминуваше, славната пејачка го носеше в раце заспаното синче Риза, а беше фотографирана од неуморните папараци.
35-годишната музичка ѕвезда, која е бремена со второто дете, повторно носеше модна комбинација која го разголуваше нејзиното пораснато трудничко стомаче.



















