Бредли Купер се отвори за зависноста од дрога и алкохол. Славниот актер призна дека е пресреќен што успеа да се избори со овие големи и тешки пороци.
„Имав многу среќа. Се отрезнив на 29 години и трезен сум веќе 19 години. Многу сум среќен“ – изјави 48-годишниот актер во нова епизода од „Running Wild With Bear Grylls: The Challenge“.
„Не се изгубив во славата. Дефинитивно имав луди години во однос на дрогата и алкохолот, но тоа немаше никаква врска со славата“ – рекол Купер.

Бредли изјави дека неговата зависност му помогнала толку добро да ја одглуми улогата на Џек во популарниот филм „A Star Is Born“.

Во интервју минатата година, Купер сподели дека еден разговор со неговиот пријател Вил Арнет бил пресуден за да сфати колку голем проблем има со зависностите и така одлучил да стави крај на тоа лудо патување.
За време на вечерна забава со пријателите, Бредли се исмејувал со хуморот на неговите пријатели Вил и Ејми. „Ти беше вистински шупак, човеку“ - му рекол Арнет на Купер таа вечер.
„Тоа беше првпат да сфатам дека имам проблем со дрогата и алкохолот. Вил ми го кажа тоа и никогаш нема да го заборавам. Тоа ми го промени целиот мој живот“ – признал Купер.
Бредли има една ќерка со Ирина Шајк.
