Тешко е да се поверува дека Бред Пит годинава ќе го прослави својот 60-ти роденден. Холивудскиот актер со младоликиот изглед деновиве мами многу комплименти откако се распространија фотографии од „зад сцената“ на снимањето на нова реклама.

59-годишниот шармер снимаше за брендот De'Longhi во Франција облечен во бела комбинација, а многумина побрзаа да искоментираат дека тој делува како да е две децении помлад.
Не се малку и коментарите со асоцијации со неговата улога во филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“, во кој глумеше маж кој се подмладува наместо да старее.








Пит следно ќе го видиме во трилерот „Wolves“ заедно со Џорџ Клуни.
