Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бред Пит и Анџелина Џоли размислуваат за брак

Бред Пит и Анџелина Џоли размислуваат за брак

Најпопуларниот холивудски пар можеби наскоро ќе застане пред олтар. Во интервју за списанието USA Weekend, Бред Пит јавно проговори дека нивните деца настојуваат тој и Енџи да стапат во брак.

Анџелина Џоли и Бред ПитАнџелина Џоли и Бред Пит на премиерата на „Tree of Life“ во Лос Анџелес

47-годишниот актер зборувал и за воспитувањето на 6 деца и за опсадите од страна на папараците.

За бракот со Анџелина: „Децата прашуваат за брак. Тоа им значи сè повеќе и повеќе. Па, треба да го земеме во предвид.“

За слаткиот хаотичен живот со 6 деца: „Не е невообичаено децата да бидат прекриени со боја. Одржуваме борби со кал. Секој ден е хаос од утрото до моментот кога ќе се изгаснат светлата, а понекогаш и после тоа.“

За папараците: „Прогонувани сме. Нашите деца мораат да живеат зад затворени врати. Надвор има луѓе со фотоапарати.“

За интимното време со Анџелина: „Нема тајни во нашата куќа. Им кажуваме на децата: Мама и тато ќе одат да се бакнуваат. А тие започнуваат: Бљак, грозно.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9489 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.