Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блејк Лајвли е новото лице на Шанел

Блејк Лајвли е новото лице на Шанел

Блејк Лајвли, актерката која го освои светот со својата улога на Серена ван дер Вудсен во серијата Gossip Girl, е новото лице на познатиот моден бренд Шанел.

Оние кои одблиску ги следат модните случувања воопшто нема да бидат изненадени од оваа вест, затоа што во последно време Блејк честопати е во друштво на дизајнерот Карл Лагерфелд. Во јули таа беше во првиот ред на ревијата за претставување на колекцијата Fall/Winter 2010-2011 couture, а во септември присуствуваше на отворањето на бутик на Шанел во Сохо.

Освен тоа, Блејк три пати ја красеше насловната страна на списанието Вог, што е доказ за нејзиното чувство за стил. Нејзините појавувања на црвениот тепих секогаш се следени од сите модни блогери и најчесто Блејк добива само позитивни коментари за нејзиниот избор на облека.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли
Блејк Лајвли Блејк Лајвли

23-годишната актерка веќе го посетила Париз каде што ја снимила рекламната кампања за чанти. Се претпоставува дека кампањата ќе биде лансирана уште во почетокот на 2011г.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.