Објавена е првата фотографија од соработката на Шанел со младата ѕвезда Блејк Лајвли.
Фотографијата е направена од самиот Карл Лагерфелд за рекламната кампања за чантите Chanel Mademoiselle. На фотографијата, 23-годишната актерка е потпрена на ѕид со огледала, а најмногу паѓа в очи црвената блескава чантичка.
Блејк за Шанел
Откако пред два месеци Блејк официјално стана рекламно лице на Шанел, таа се нема појавено никаде без да држи чанта Шанел во рацете.
Блејк Лајвли е една од најомилените актерки на модните дизајнери. Освен Лагерфелд, и Кристијан Лобутин е нејзин обожавател. Неодамна тој дури и именува обувки според неа, а вчера на интернет се појавија фотографии на кои се гледа како Лобутин лично ја носи на шопинг низ Париз. Среќна девојка!
Блејк и Кристијан Лобутин во Париз
