Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс му посакаа добредојде на четвртото дете.
За време на вчерашниот Супер Боул, 35-годишната актерка сподели фотографија со сопругот и неговата мајка, на која се гледа дека таа нема повеќе стомаче.

„Папи Боул недела 2023. Бевме зафатени“ – напиша таа на албумот кој содржи фотографии и од нивните јадења за Супер Боул.



Блејк и Рајан се родители и на 3-годишната Бети, 6-годишната Инез и 8-годишната Џејмс.

Неодамна, во интервју, Рајан рече:
„Многу сум возбуден. Сигурно дека сме возбудени, треба да си морон да го правиш ова четирипати, а да не ти се допаѓа. Ќе биде лудница, но многу сме возбудени“.


Блејк и Рајан започнаа да се состануваат во октомври 2011 година, а стапија во брак на 9 септември 2012 година.
