Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блејк Лајвли и Џастин Балдони во главните улоги на филмската адаптација на „Ова завршува со нас“ од Колин Хувер

Блејк Лајвли и Џастин Балдони во главните улоги на филмската адаптација на „Ова завршува со нас“ од Колин Хувер

Романот „Ова завршува со нас“ од Колин Хувер ќе биде оживеан на големото филмско платно.

Новиот филмски проект, кој ќе се снима според овој бестселер, го најави самата Хувер и откри кои актери ќе ги добијат главните улоги.

Во улогата на Лили Блум ќе влезе Блејк Лајвли, додека Рајл Кинкејд ќе биде глумен од Џастин Балдони.

Блејк и Џастин

На Instagram, Блејк објави фотографија посочувајќи ја новата филмска улога.

Блејк и Џастин

Во видеото на Instagram, Колин стои пред куќата во која пораснала, ја раскажува приказната за нејзината мајка и зборува за инспирацијата за создавањето на романот.

Книгата ја раскажува приказната за Лили, штотуку дипломирана студентка која се запознава и вљубува во маж кој се вика Рајл. Додека расте нивната поврзаност, во животот на Лили се враќа Атлас Кориган – нејзината прва љубов (врска со минатото што го има оставено зад себе). Тој ќе биде закана за сè што има изградено со Рајл.

Блејк и Џастин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.