Викендов, Џиџи Хадид го прослави својот 27. роденден.
Славната манекенка, која има едно дете со Зејн Малик, изгледаше прекрасно во бела комбинација со наметка од Дион Ли.









На забавата на убавиот модел присуствуваа членови од нејзиното славно семејство, како и многу познати личности од светот на модата и шоу-бизнисот. Нејзината сестра Бела избра модна комбинација со кратко здолниште од Вивиен Вествуд и чизми од Џими Чу. Таа беше придружувана од момчето Марк Калман.






Блејк Лајвли шармираше во виолетово мини фустанче од Серџо Хадсон.





Емили Ратајковски носеше припиена креација со отсечоци во горниот дел.




Мајка ѝ Јоланда се појави со нејзиниот партнер во еднобојна модна комбинација која ја надополни со сребрена чанта.



На роденденот беа присутни и братот на Џиџи и Бела, Анвар, како и нивниот татко Мохамед, кој се разведе со Јоланда во 2000 година.


Моделите Марта Хант и Хелена Кристенсен исто така беа дел од гостите на забавата.















