Блејк Лајвли е позната по својата смисла за хумор. Славната актерка од серијата „Gossip Girl“ сподели колаж од фотографии и насмеа многумина.
На нив, Блејк позира со својот фитнес тренер пред и за време на бременоста. Истакнувајќи го своето трудничко стомаче, таа напиша: „Веќе неколку месеци ја применувам фитнес програмата на Дон Саладино. Нешто не функционира“.
Блејк го очекува четвртото дете со Рајан Рејнолдс.
