Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блескав спектакл: Вака ќе изгледа сцената на Оскар украсена со 45 МИЛИОНИ кристали

Блескав спектакл: Вака ќе изгледа сцената на Оскар украсена со 45 МИЛИОНИ кристали

Само неколку дена нè делат од најпрестижната холивудска манифестација – Оскар, која оваа година ќе се одржи по 90-ти пат.

По повод доделувањето на наградите на Академијата за филмски уметности и науки, сцената во Долби театарот ќе блесне во полн сјај.

Дизајнерот Дерек МекЛејн, кој по шести пат по ред е задолжен за изгледот на сцената, ќе ја мами публиката со блескав спектакл. Оскаровската сцена ќе биде украсена со вртоглави 45 МИЛИОНИ сваровски кристали.

Сцената на Оскар 2018 Сцената на Оскар 2018

Сваровски 11 години се вклучува во организирањето на оваа церемонија. Минатата година сцената беше декорирана со „скромни“ 300.000 кристали, а оваа година се вклучени 40 пати повеќе кристали отколку сите претходни 11 години комбинирано.

Сцената на Оскар 2018 Сцената на Оскар 2018 Сцената на Оскар 2018

Втора година по ред, водител на свечениот настан ќе биде Џими Кимел.

Оскар 2018

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.