Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Благословен сум со моите деца“: Еди Марфи за животот како горд татко на 10 деца

„Благословен сум со моите деца“: Еди Марфи за животот како горд татко на 10 деца

Еди Марфи се отвори за животот со 10 деца во интервју за британскиот медиум Mirror.

Еди Марфи

Славниот актер, кој во април ќе наполни 60 години, од пет различни врски има пет сина и пет ќерки на возраст од 2 години до 31 година, за кои вели дека се „центар на неговиот свет“. Неговата ќерка Бела глуми заедно со него во најновиот филм „Coming 2 America“.

Филмот е продолжение на „Coming to America“ од 1988 година.

Еди Марфи Еди Марфи

Во интервјуто за Mirror, Марфи зборуваше за татковството и за нормалниот живот на неговите 10 деца.

„Во април ќе наполнам 60 години и ги имам сите овие бебиња. Го обожавам татковството. Тоа е центарот на сè. Целата таа идеја да се прават по три филмови годишно, тоа е готово. Ги имам сите овие бебиња. Патем, одново и одново сфаќав дека никогаш не можеш да донесеш лоша одлука ако ги ставиш децата на прво место.“

„Кога ќе бидеш на крстосница, само помислуваш: ‘Што е најдобро за моите деца?’. Ако ја избереш таа рута, никогаш не носиш лоша одлука“ – рекол тој.

Еди Марфи Еди Марфи

Запрашан дали се сложува со сите нив, Еди одоговорил дека има одлична врска со сите: „Благословен сум со моите деца. Немам ниту едно лошо семе. Моите деца се одлични, нормални луѓе и ниту едно не се однесува како холивудски кретен. Моите деца се паметни и се обидуваат да прават различни работи. Благословен сум со нив. Навистина ми се посреќи“.

Еди Марфи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25558 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.