Еди Марфи по деветти пат ќе стане татко. 54-годишниот актер ја потврди веста дека очекува дете со својата 36-годишна девојка Пејџ Бучер, со која се заедно 4 години. Ова е прво заедничко дете на холивудскиот пар.
Еди е татко на три сина и пет ќерки: 26-годишниот Ерик, 25-годишните Кристијан и Брија, 22-годишниот Мајлс, 21-годишната Шејн, 15-годишната Зола, 13-годишната Бела и 8-годишната Енџел.
Еди Марфи со седум од неговите деца
Еди Марфи со поранешната сопруга и петте деца Брија, Мајлс, Шејн, Зола и Бела
Деветтото дете на Марфи се очекува да се роди во мај следната година.
