Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бери Кеоган - од момче кое порасна во 13 згрижувачки семејства до актер номиниран за Оскар

Бери Кеоган - од момче кое порасна во 13 згрижувачки семејства до актер номиниран за Оскар

Животниот пат на Бери Кеоган не бил лесен, но сега има за што да се радува, бидејќи е меѓу номинираните за Оскар за Најдобар актер во споредна улога.

Бери Кеоган Бери Кеоган

30-годишната ѕвезда од „The Banshees of Inisherin“ и неговиот брат Ерик останаа сираци откако нивната мајка го напушти овој свет. Таа била зависничка од дрога и починала кога тој имал само 12 години. Седум години од животот со брат му ги поминале живеејќи во 13 згрижувачки семејства.

Бери Кеоган

„Секое семејство беше добро спрема нас. Како дете, не знаеш што се случува. Се приврзуваш, а потоа БУМ, одиш на друго место. Немам родно место“ – рекол тој.

Својата прва филмска улога, Бери ја добил во 2011 година, по што започнал да посетува часови по глума во Даблин.

Во 2019 година, ја доби улогата на Павел во мини-серијата „Chernobyl“, а во 2021 година глумеше во „Eternals“ покрај Анџелина Џоли и Салма Хајек.

Бери Кеоган Бери Кеоган Бери Кеоган Бери Кеоган

Покрај глумата, тој аматерски се занимава и со бокс, а е татко на малиот Брендо роден на 8 август 2022 година.

Бери Кеоган Бери Кеоган Бери Кеоган

Улогата на Доминик во „The Banshees of Inisherin“ била напишана специјално за него.

Во неговиот следен филмски проект „Saltburn“ ќе ја има главната улога. „Тоа е мојата прва главна улога“ – рекол Бери.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.