Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бекам, Слаткар, Шакира... Познати личности со фотографии и пораки го одбележаа Денот на таткото

Бекам, Слаткар, Шакира... Познати личности со фотографии и пораки го одбележаа Денот на таткото

Вчера во САД и во повеќе земји од светот се одбележуваше Денот на таткото, па социјалните мрежи беа преплавени со емотивни фотографии и пораки.

Погледнете ги објавите на познатите личности:

Викторија и Дејвид Бекам

Викторија сподели слатка семејна фотографија покрај базен и во описот напиша: „Среќен Ден на таткото Дејвид! Те сакаме премногу. Многу бакнежи од сите нас.“

Таа објави и видео во кое нивната ќеркичка Харпер ја покажува честитката која му ја направи на Дејвид. „Ти си мојот херој“ – пишува на корицата.

И трите сина на Instagram споделија стари фотографии со татко им Дејвид.

Слаткар

Марко Маринковиќ – Слаткар објави фотографија со синчето и напиша: „Среќен ден на таткото“.

Ден на таткото

Ева Лонгорија

Ева опиша колку е среќна и благодарна што го има Хозе Пепе Бастон за свој сопруг и татко на нејзиното синче Сантијаго. „Среќен Ден на таткото на најдобриот сопруг и татко! Нашиот син е среќен што те има како пример во животот. Ти си најдобриот, најневеројатниот и најинтелигентниот маж кој постои. Те сакам, љубов на мојот живот“ – пишува Лонгорија.

Ден на таткото Ден на таткото Ден на таткото

Шакира

Мајкл Бубле

Мајкл во слатко видео гледа цртани филмови додека ги чува трите дечиња.

Емина Јаховиќ

Емина сподели фотографија од својот покоен татко. „Имав само 11 години кога се разделивме, но знам дека ти си со мене секојпат кога сум исплашена. Среќен Ден на таткото Тато“ – стои во описот.

Дрејк

Дрејк сподели нова фотографија од синчето.

Криси Тиген и Џон Леџенд

Владимир Крстевски – Франц

Ден на таткото

Двејн Џонсон

Двејн доби слатко изненадување од ќеркичката – палачинки за појадок. „За појадок на Денот на таткото мојата партнерка во криминал ме изненади со палачинки – потоа се обиде да ги изеде сите самата“ – се пошегува Џонсон.

Ден на таткото

Џастин Тимберлејк

„Момчињата ќе пораснат и ќе станат татковци. Мислам на тоа многу деновиве. Ние се обидуваме да го научиме нашиот син да ги сака и да ги почитува сите – го учиме дека сите луѓе се еднакви и дека никој не смее да биде третиран поразлично поради бојата на кожата. Ние го учиме него, бидејќи еден ден тој ќе ги учи неговите деца за истото. Тоа е циклус. Благодрен сум што моите двајца татковци и мајка ми ме научија на овие лекции уште од малечок. Благодарен сум за мојата сопруга, која ме направи татко. И благодарен сум за син ми кој исто така ме учи на одредени лекции“ – стои во дел од пораката на Џастин.

Деми Мур и Брус Вилис

Деми Мур објави семејни фотографии за да му го честита Денот на таткото на Брус Вилис.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.