Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Славните личности со слатки пораки, фотографии и видеа го одбележаа Денот на таткото

Славните личности со слатки пораки, фотографии и видеа го одбележаа Денот на таткото

Во голем број земји од светот вчера се славеше Денот на таткото.

По тој повод, славните личности споделуваа фотографии, видеа и слатки пораки наменети за нивните партнери, сопрузи, татковци...

Еве дел од нивните објави на социјалните мрежи:

Џенифер Лопез, Алекс Родригез и Марк Антони

Џенифер Лопез со слатко видео и фотографии прво му го честиташе Денот на таткото на нејзиниот поранешен сопруг Марк Антони. „Среќен Ден на таткото Флако! Ема и Макс те сакаат многу! Ти благодарам за овие два прекрасни кокоси!!!“ – напиша таа.

Подоцна, таа сподели видео за нејзиниот свршеник Алекс и напиша: „Пресреќни сме што те имаме во нашите животи. Ти не само што нè смееш секој ден, туку и ни помагаш да бидеме најдобрата верзија од себеси со твојата грижлива нежна рака... Не можам да ти кажам колку многу ни значиш мене и на Макс и Ема!! Да те гледам каков татко си за Таши и Ела е една од моите најголеми радости и тие се многу среќни што те имаат за да те викаат Тато!!! Многу те сакаме. Среќен Ден на таткото!“

Бурак Озчивит и Фахрие Евџен

Фахрие сподели слатка фотографија од рачето на бебето Каран и раката на нејзиниот сакан Бурак, на кого му го честиташе Денот на таткото.

Ева Лонгорија и Хозе Пепе Бастон

„Среќен Ден на таткото на овој неверојатен човек, кој Бог го стави на мојот пат. Не можам ниту да се сетам на деновите пред да пристигне нашиот прекрасен Санти. Ти беше неверојатен татко на твоите три деца пред Санти и со восхит гледав колку многу порасна твоето срце кога тој пристигна. Од сите твои карактеристики, се надевам дека Санти ќе ги наследи твојата добрина, твоето сочувство, твоето големо срце и се разбира, твојот добар изглед. Јас сум подобра жена поради тоа што те имам во мојот живот и ако Санти стане половина човек од тебе, тогаш ќе бидеме во одлична форма. Среќен Ден на таткото љубов на мојот живот“ – напиша Ева и сподели две семејни фотографии.

Лионел Меси и Антонела Рокуцо

Антонела сподели слатки фотографии од Меси и нивните три сина.

Семејството Бекам

Викторија му го честиташе Денот на таткото прво на татко си, а потоа и на сопругот Дејвид.

Дејвид сподели три фотографии со татко си и му порача дека многу го сака. Подоцна тој сподели фотографија со ќерката Харпер.

Синовите Брукли, Круз и Ромео исто така споделија пораки за Дејвид.

Крис Прат и Кетрин Шварценегер

Кетрин сподели фотографија од Крис и неговиот син од бракот со Ана Фарис. „Среќен Ден на таткото на мојот прекрасен сопруг. Тоа што гледам колку си посветен и грижлив татко беше една од многуте причини поради кои се заљубив во тебе и продолжувам да се заљубувам секој ден. Те сакам“ – напиша таа.

Кетрин му го честиташе денот и на татко си Арнолд Шварценегер.

Принцот Хари и Меган Маркл

Кеш Ворен и Џесика Алба

Ким Кардашијан и Кание Вест

Пред да му посака Среќен Ден на таткото на својот татко, Ким сподели фотографии и порака за сопругот Кание Вест, нарекувајќи го „најдобриот татко на нашите деца“.

Тревис Скот и Кајли Џенер

Со слатки фотографии „пред и потоа“, Кајли му го честиташе „празникот“ на нејзиниот сакан Скот.

Мишел Обама

Ник Џонас

Хју Џекман

Карли Клос

Џејсон Момоа

Џесика Симпсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.