Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Бев грдото пајче и се претворив во лебед“: Џорџина Родригез во фотосесија за „Mujerhoy“

„Бев грдото пајче и се претворив во лебед“: Џорџина Родригез во фотосесија за „Mujerhoy“

Џорџина Родригез е ѕвездата која го краси најновото издание на „Mujerhoy“. 26-годишната вереница на Кристијано Роналдо во неколку модни изданија позираше за шпанското списание.

Згодниот модел во интервјуто за списението зборуваше за животот и за мајчинството.

На прашањето дали отсекогаш била силна и самоуверена жена, таа одговори: Кога бев мала, бев грдото пајче и сега се претворив во лебед. Кога се родив, никој не можеше да каже дека ќе израснам во убава жена. Отсекогаш ми велеа ‘комплексите се бескорисни’. Се сакам себеси онаква каква што сум, со несовршености. Никој не е совршен. Но, сите ние сме уникатни. Тоа нè прави посебни“.

Џорџина Родригез Џорџина Родригез

Џорџина зборуваше и за вредностите кои со Роналдо се обидуваат да им ги пренесат на нивните четири деца: „Ги учиме нашите деца на љубов, љубезност, хумор, почит, на духот на пожртвуваноста, благодарноста и свесноста за здрав начин на живот“ – изјавила таа.

„Парите не можат да купат семејство, љубов, здравје и среќа. Парите можат да купат материјални работи кои нема да ги однесете со себе во гробот. Треба да бидете среќни со основните нешта: благодарност за здравјето и љубовта. Јас уживам во прекрасни обувки, но тоа не ме прави среќна и тоа не ми е неопходно во животот. Барам само здравје. Болните луѓе или луѓето кои имаат блиска личност која е болна, добро го знаат ова. Можеби звучи како клише, но многумина ќе ме разберат“ – додала таа.

Џорџина Родригез Џорџина Родригез Џорџина Родригез Џорџина Родригез Џорџина Родригез Џорџина Родригез Џорџина Родригез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.