Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли: „Секогаш можете да облечете убав фустан, но не е важно што носите ако умот не ви е силен“

Анџелина Џоли: „Секогаш можете да облечете убав фустан, но не е важно што носите ако умот не ви е силен“

Анџелина Џоли е ѕвездата која ќе ги разубавува страниците на септемвриското издание на Harper’s Bazaar.

Во есеј за списанието, 44-годишната актерка и режисерка зборуваше за правата на жените, нивната моќ и слободата на изразување.

„Често им велам на ќерките дека најважното нешто кое можат да го направат е да си ги развијат своите умови. Секогаш можете да облечете убав фустан, но не е важно што носите однадвор ако умот не ви е силен. Нема ништо попривлечно – може да се каже дури и маѓепсувачки – од жена со независна волја и сопствени мислења и ставови“ – пишува Џоли.

Анџелина Џоли

Анџелина зборуваше и за тоа дека обвинувањата за вештерство се користеле за да ги замолчат жените и нивните ставови кои отстапувале од општоприфатените норми за однесување.

„Обвинението за вештерство се користело за контрола и замолчување на жените во скоро сите општества и во секој век. Јованка Орлеанка беше запалена во 15-тиот век во Франција само заради идолопоклонство и ерес, вклучувајќи го носењето машка облека.“

„Жените може да бидат обвинувани за вештерство само затоа што имаат независен сексуален живот, за тоа што гласно ги изразуваат нивните политички и религиски ставови, само за тоа што се облекуваат поразлично. Ако живеев порано, можеби многупати ќе бев спалена на клада, само за тоа што сум јас“ – вели Џоли.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

„Бранителите на правата на жените ширум светот се наоѓаат во затвор поради нивните политички ставови или поради одбраната на себеси и на другите, со храброст која тешко можам да ја замислам. Независноста и креативната енергија на жените е сè уште честопати гледана како опасна сила што треба да се контролира, често во името на религијата, традицијата или културата.“

„Земете ги предвид проценетите 200 милиони жени и девојчиња кои до денес претрпеле осакатување на гениталиите. Или приближно 650 милиони жени и девојчиња ширум светот кои се присилени да стапат во брак пред да наполнат 18 години. Илјадници жени и девојки се убивани од членови на фамилијата, како казна што ја изразуваат нивната слободна волја“ – додава Џоли.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.