Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли и Бред Пит стапија во брак

Анџелина Џоли и Бред Пит стапија во брак

Златниот холивудски пар заплива во брачните води. Анџелина Џоли и Бред Пит се венчале во Франција.

Џоли и Пит на доделувањето на ОскаритеЏоли и Пит на доделувањето на Оскарите 2014

Шесте деца на младенците биле дел од интимната свадбена церемонија на која присуствувале само нивни блиски пријатели и роднини.

50-годишниот актер и 39-годишната актерка се во врска девет години, а ја објавија свршувачката во април 2012 година. Тие се зближија за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“.

Џоли и Пит

Ова е втор брак за Пит кој пред врската со Џоли се разведе од Џенифер Анистон, додека Џоли зад себе има две неуспешни брачни врски со Били Боб Торнтон и Џони Ли Милер.

Среќниот пар наскоро ќе започне да го снима својот нов заеднички филм „By the Sea“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.