Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли и Бред Пит сакаат уште две деца

Анџелина Џоли и Бред Пит сакаат уште две деца

За некои можеби шест деца се премногу, но очигледно тоа не важи за славната холивудска двојка, која сака да го прошири своето семејство. Анџелина Џоли и Бред Пит, кои се родители на Медокс (8), Пакс (5), Захара (4), Шило (3) и петнаесет месечните близнаци Нокс и Вивиен, најверојатно сакаат да имаат уште едно биолошко и едно посвоено дете.

Семејството на Анџелина и БредАнџелина и Бред сакаат да го прошират своето големо семејство.

„Тие засега сакаат едно биолошко дете и едно да посвојат“ – изјавил анонимен извор за списанието America’s Life & Style. „Но, никој не може да знае што ќе се случи во иднина. Некои луѓе стануваат зависни од дрога или алкохол, а Анџелина и Бред се зависни од деца.“

„Можам да си замислам проширување на семејството, без разлика дали е наше или посвоено дете“ – признава 34 годишната Џоли за октомврискиот број на британското списание Stylist. Дали големото семејство ќе стане уште поголемо останува да видиме.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.