Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анорексична и „застрашувачки слаба“? Тара Рид зборуваше за критиките за нејзината слаба фигура

Анорексична и „застрашувачки слаба“? Тара Рид зборуваше за критиките за нејзината слаба фигура

Тара Рид веќе неколку години ги загрижува обожавателите со преслабата фигура и ги поттикнува критичарите ја нарекуваат „анорексична“ или „застрашувачки слаба“.

Во интервју за „E! News“, 41-годишната актерка од „American Pie“ и „Sharknado“ се отвори за исмејувањето и призна дека ја повредува кога луѓето се расфрлаат со негативни коментари за нејзиниот изглед, објаснувајќи дека не се изгладнува и добро се храни.

Тара Рид

„Исмејувањето е многу популарно деновиве. Во мојот живот, имам доживеано премногу малтретирање, знам какво е чувството и колку многу боли. Она што луѓето не го сфаќаат е дека има различни видови на малтретирање: преку социјалните медиуми, интернет, физичко и ментално малтретирање. Има различни видови и денес е толку лошо што поради тоа луѓе се самоубиваат и се предозираат“ – вели таа и додава дека се надева дека нејзиниот нов филм „Worthless“, кој ја опфаќа токму таа тема, ќе има влијание врз луѓето и ќе ја поттикне свеста за последиците од малтретирањето.

„Сметам дека овој филм ќе влијае врз многу луѓе и ќе ги натера да размислуваат два пати пред да кажат нешто негативно и да исмејуваат некого. Еден збор може да промени нечиј живот“ – објаснува Рид.

Тара Рид

„Дефинитивно се имам чувствувано исмејувана во мојот живот. Луѓето секогаш велат дека не јадам. Јадам цело време. Ме нарекуваат застрашувачки слаба. Сите знаат дека јадам повеќе од кој било друг. Едноставно сум слаба девојка. Критикувањето на телото кое се случува е лошо за девојките и навистина можам да се поврзам со тоа“ – додава Тара.

ВИДЕО

Иако Рид отсекогаш била слаба, пред повеќе од 10 години си направи липосукција за обликување на телото. Но, поради лошо изведената липосукција, нејзиниот стомак остана збрчкан и овиснат, па подоцна мораше повторно да легне под нож за да ги коригира грешките. „Си направив липосукција иако бев слаба. Нема да лажам дека сакав „плочки“ на стомакот“ – призна таа пред неколку години.

Тара Рид Тара Рид Тара Рид Тара Рид Тара Рид Тара Рид Тара Рид

A post shared by Tara Reid (@tarareid) on

A post shared by Tara Reid (@tarareid) on

A post shared by Tara Reid (@tarareid) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.