Џорџ Клуни ја доби поддршката на сопругата Амал на премиерата на неговиот нов филм „Jay Kelly“.
Славниот пар ги привлече сите погледи кога рака под рака зачекори на црниот тепих во Њујорк. 47-годишната адвокатка ги истакна долгите нозе во кратко црвено фустанче додека 64-годишниот актер заведуваше со класичен изглед.
Креацијата со цветови на Амал е дело на модната куќа Оскар де ла Рента.












Филмот „Jay Kelly“ ќе започне да се прикажува во киносалите на 14 ноември.
