Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерот Дени Мастерсон обвинет за силување на 3 девојки, му се заканува казна затвор од 45 год.

Актерот Дени Мастерсон обвинет за силување на 3 девојки, му се заканува казна затвор од 45 год.

Дени Мастерсон е обвинет за силување на три жени. Ѕвездата од хит серијата „That '70s Show“ можно е добие казна затвор од 45 години.

Според обвиненијата, 44-годишниот актер сексуално ги злоставувал трите девојки, кои тогаш биле во нивните 20-ти години. Силувањата се случувале од 2001 до 2003 година.

Мастерсон ги отфрла сите обвиненија. Тој вчера беше уапсен, но ослободен, откако плати кауција од 3,3 милиони долари.

Дени Мастерсон

Дени моментално е во брак со актерката и модел Бижу Филипс. Тие се заедно од 2004 година, а се венчаа во октомври 2011 година. Заедно имаат едно дете – ќерката Фиана.

Дени Мастерсон Дени Мастерсон

Во март 2017 година, Дени беше отпуштен од серијата „The Ranch“ откако четири жени поднесоа обвиненија против него за сексуално малтретирање.

Дени го глумеше Стивен во популарната серија „That '70s Show“, која се снимаше токму во годините кога се случувале силувањата.

Дени Мастерсон Дени Мастерсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11510 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.