Почетна » Новости » Занимливости » Женски кондом со заби за заштита од силување

Женски кондом со заби за заштита од силување

Бројот на жените кои пострадале од силување постојано се зголемува, особено во помалку развиените земји. Некои од жртвите го пријавуваат злоделото сторено врз нив, но некои од срам или поради страв цел живот тивко страдаат.

Со цел да ја намали бројката на жени кои стануваат жртви на силување, д-р Сонет Елерс создала женски кондом со „заби“. Производот е наречен Rape-aXe и се поставува во вагината исто како тампон.

Д-р ЕлерсД-р Елерс држи во рацете примерок на женски кондом Rape-aXe

Во внатрешноста на Rape-aXe има неколку реда „заби“ кои се закачуваат на пенисот при пенетрација. Тоа веднаш би требало да го оневозможи силувачот да продолжи со своите намери, затоа што откако забите ќе се закачат во пенисот, може да ги извади само стручно лице.

Женски кондом Rape-aXeЖенски кондом Rape-aXe

„Го боли, тој не може да мокри и да оди додека кондомот е врз пенисот. Ако се обиде да го извади, кондомот ќе се закачи уште посилно... но, не ја пробива кожата“ – објаснила д-р Елерс.

Идејата за еден ваков проект се родила во главата на Елерс уште пред 4 децении, кога се сретнала со жртва на силување. „Нејзините очи беа безживотни, таа беше како труп што дише. Ме погледна и рече: Само ако имав заби таму долу“ – раскажала Елерс во интервју за CNN. Уште тогаш Елерс ѝ ветила на девојката дека некој ден ќе направи нешто со коешто ќе им помага на луѓето како неа.

Инвентивната докторка од Јужна Африка признала дека си ги продала куќата и автомобилот за да го лансира овој проект и дека планира да распространи 30 000 бесплатни вакви кондоми за време на Светското првенство во фудбал.

Откако ќе помине периодот наменет за тестирање, женските кондоми Rape-aXe ќе се продаваат по цена од 2 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11061 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.