Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерката Ребел Вилсон ја откри тајната на нејзиното големо слабеење

Актерката Ребел Вилсон ја откри тајната на нејзиното големо слабеење

Ребел Вилсон во 2020 година драстично ја намали својата тежина и си го трансформираше изгледот.

41-годишната актерка ослабе 35 килограми за време на „Годината на здравјето“, а сега откри дека тајното оружје за нејзиното слабеење било пешачењето.

Ребел Вилсон Ребел Вилсон Ребел Вилсон

„Мојата цел беше да бидам поздрава и да ја намалам непосакуваната телесна тежина. Длабоко во мене знаев дека не сум најздравата верзија од себеси поради работните ангажмани“ – рекла таа.

Ребел, која има Синдром на полицистични јајници, се соочувала со проблеми со плодноста и докторот ѝ рекол дека би било добро за неа да започне да живее поздраво. Таа си ветила себеси дека 2020 година ќе биде „година на здравјето“ за неа.

„Докторот ми рече: Ребел, најдобриот начин за да ги намалиш непосакуваните масти на телото едноставно е пешачењето. Не мора да биде со висок интензитет или на угорница, само умерено пешачење еден час дневно. Ако можеш да го направиш тоа за тебе, за твојот тип на тело, тоа е најдобриот начин за топење на непосакуваните масти на телото.“

Ребел Вилсон Ребел Вилсон Ребел Вилсон

„Си реков дека мора да бидам нежна кон себе. Во 2020 година изгубив тежина, но многу, многу постепено. Понекогаш се форсирав себеси, но во најголем дел од времето правев работи како пешачење еден час дневно.“

„Понекогаш, наједноставното нешто како излегување и пешачење по еден час дневно е најнежното нешто за твоето тело и твоето тело ќе одговори на тоа“ – рекла Вилсон за Apple Fitness+.

Ребел Вилсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.