Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерите Ијан Сомерхолдер и Ники Рид со фотографија објавија дека го очекуваат второто дете

Актерите Ијан Сомерхолдер и Ники Рид со фотографија објавија дека го очекуваат второто дете

Семејството на Ијан Сомерхолдер и Ники Рид ќе се прошири за уште еден мал член. Славните актери со фотографија ја објавија среќната вест дека го очекуваат второто дете.

На фотографијата, Ники позира со малата ќеркичка во едната рака, додека истовремено си го гали трудничкото стомче со другата рака.

„Уште откако бев мало момче, сè што сакав е да имам големо семејство. Ти благодарам Ники што ми го даде тој подарок. ВТОРА РУНДА ОДИМЕ!!! Ти благодарам што си неверојатна мајка и што толку напорно работиш за да ги оствариш нашите соништа. Кога ја правев оваа фотографија, не можев да верувам што гледам. Нема ништо поубаво“ – напиша ѕвездата од „The Vampire Diaries“.

Ијан и Ники започнаа да се состануваат на средината од 2014 година, а стапија во брак на 26 април 2015 во Малибу, Калифорнија.

Нивната ќеркичка се роди на 25 јули 2017 година.

Ијан Сомерхолдер и Ники Рид Ијан Сомерхолдер и Ники Рид Ијан Сомерхолдер и Ники Рид Ијан Сомерхолдер и Ники Рид Ијан Сомерхолдер и Ники Рид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.