Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ијан Сомерхалдер и Ники Рид станаа родители, на славните актери им се роди ќерка

Ијан Сомерхалдер и Ники Рид станаа родители, на славните актери им се роди ќерка

Ијан Сомерхалдер и Ники Рид добија ќерка. Популарните актери го крстија новороденото девојче Боди Солеј Рид Сомерхалдер.

Холивудскиот пар се израдувал на раѓањето на ќеркичката на 25 јули.

Ијан Сомерхалдер и Ники Рид Ијан Сомерхалдер и Ники Рид

Пред породувањето, Ники изјави дека првиот месец ќе се исклучат од светот за да се посветат на бебето. „Ќе го земеме првиот месец на бебето само за нас. Откако ќе пристигне бебето, ќе поминеме еден месец во тишина. Само ние тројцата, без посетители и ќе ги исклучиме телефоните, за да нема очекувања дека ќе комуницираме со некого“ – рече таа.

Ијан Сомерхалдер и Ники Рид Ијан Сомерхалдер и Ники Рид

38-годишниот актер објави дека неговата сопруга е бремена со слатка порака во мај. „Во моите 38 години на оваа Земја, никогаш не сум доживеал нешто помоќно и поубаво од ова. Не можам да си замислам нешто повозбудливо од наредното поглавје и сакавме да дознаете од нас. Ова е најспецијално време во нашите животи и сакавме да го чуваме само за нас тројцата колку што е можно подолго, за да можеме да уживаме еден со друг и со нашето малечко кое расте многу брзо... оти токму тоа го прават, растат брзо. Благодарам за вашата добра енергија“ – напиша тој.

Ијан и Ники стапија во брак во април 2015 година.

Ијан Сомерхалдер и Ники Рид Ијан Сомерхалдер и Ники Рид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.