Џереми Ренер го даде првото интервју по ужасната несреќа на Нова година, при која беше прегазен од сопствениот ратрак.

Ѕвездата на Marvel детално раскажа како се случила катастрофата во која имал 30 скршени коски и за малку ќе го изгубел животот. Џереми и неговиот внук Алекс го расчистувале патот за да можат да одат на скијање со семејството.

Во еден момент возилото за чистење снег започнало да се лизга и тој не можел да го види внукот кој стоел пред него. За да има подобар поглед, Џереми ја извадил едната нога надвор од возилото и во тој момент паднал на земјата, а ратракот поминал над него низ целото тело, вклучително и главата.
„Не треба да бидете надвор од возилото кога управувате со него. Тоа е како да возите автомобил со едната нога надвор од автомобилот. Беше што беше. Грешката беше моја и платив за неа“ – рекол тој.
Актерот номиниран за Оскар имал 30 скршени коски и ужасна повреда на главата. Соседите кои истрчале за да му помогнат во интервјуто изјавија дека го пронашле во крв. Тој имал скршен череп и едвај дишел.
„Потоа, кога му ја погледнав главата, ми изгледаше како да е расцепена и отворена. Можев да видам нешто бело, не знам дали тоа беше неговиот череп... можеби беше само мојата имагинација, но тоа беше она што го видов“ – рекол соседот.
За тој момент, Ренер изјави:
„Чувството беше како што си го замислувате. Можев да си го видам едното око со другото. Гледав ѕвезди“.
„Ако бев таму сам, тоа ќе беше ужасен начин за да се умре. Со сигурност, ќе умрев. Сигурно. Но, не бев сам, бев со мојот сладок внук Алекс“.
Беше направена и анимација од моментот кога Џереми беше повлечен под ратракот.


