Адам Сендлер ја претвори премиерата на „I Love You“ во љубовен состанок со сопругата.
57-годишниот актер ја имаше саканата Џеки Сендлер за своја придружничка на премиерното прикажување на неговиот нов стендап специјал во Њујорк. Тој се придржуваше кон својот кежуал стил на облекување и носеше жолта поло маица и црвени тренерки, за што доби бројни критики онлајн.
„Дали има огледало?“, „Учете од Европејците како да се облекувате со стил“, „Некој нека му помогне да се облече. Во ред е ако не сака костуми, но нека се обиде да ги усклади работите понекогаш“ – се дел од критиките.





Сепак, многумина застанаа на негова страна и го нарекоа „најкул актер“.
Сендлер во истиот аутфит беше гостин и во емисијата на Џими Фелон.




