Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „The Best Thing About Me Is You“ – најновиот сингл на Рики Мартин

„The Best Thing About Me Is You“ – најновиот сингл на Рики Мартин

Рики Мартин

„The Best Thing About Me Is You“ е најновата песна на Рики Мартин, која вчера премиерно беше пуштена во радио шоуто на Рајан Сикрест.

Таа е дует на латино пејачот со британската соул пејачка Џос Стоун и е првиот аудио материјал од неговиот неименуван двојазичен албум, којшто треба да се појави во почетокот на наредната година.

Освен англиската верзија, песната е снимена и на шпански и е насловена „Lo Mejor De Mi Vida Eres Tu“.

38-годишниот пејач треба да се појави во денешното шоу на Опра и да зборува за јавното признание дека е хомосексуалец и за растењето на близначињата.

Рики признава дека раѓањето на близначињата Валентино и Матео со помош на сурогат мајка му дало храброст да се отвори пред светот за својата сексуална ориентација.

„The Best Thing About Me Is You“

„Lo Mejor De Mi Vida Eres Tu“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11183 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.