Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Game of Thrones“, „Fleabag“, „Chernobyl“… Еве кои се победниците на Еми 2019

„Game of Thrones“, „Fleabag“, „Chernobyl“… Еве кои се победниците на Еми 2019

Најдобрите во телевизиската индустрија синоќа се закитија со наградите Еми.

На 71-вото издание на престижните награди, кое се одржа во театарот „Микрософт“, Академијата на телевизиските науки и уметности им оддаде признание на лицата кои најмногу се истакнаа на малите екрани во изминатата календарска година.

„Game of Thrones“ ја освои наградата за Најдобра драмска серија, а екипата која стои зад хит-серијата веројатно за последен пат се обедини на сцената. Питер Динклиџ со себе ја поведе Еми статуетката за Најдобар актер во споредна улога во драмска серија.

Еми 2019Екипата на „Game of Thrones“ Еми 2019Авторот Џорџ Р. Р. Мартин Еми 2019Питер Динклиџ

Изненадување на вечерта беше големиот успех на „Fleabag“, која победи во категоријата Најдобра ТВ серија комедија. Фиби Волер-Бриџ, која е ѕвезда и авторка на истата серија, ги прими наградите за Најдобра актерка во ТВ серија комедија и Најдобро сценарио на ТВ серија комедија. За „Fleabag“, Хери Бредбир ја доби наградата Најдобра режија на ТВ серија комедија. Најдобар актер во ТВ серија комедија е Бил Хедер за „Barry“.

Еми 2019Екипата на „Fleabag“ Еми 2019Фиби Волер-Бриџ Еми 2019Режисерот Хери Бредбир Еми 2019Бил Хедер

Статуетката за Најдобар актер во драмска серија заврши во рацете на Били Портер за „Pose“, додека Џоди Комер за „Killing Eve“ ја доби наградата Најдобра актерка во драмска серија.

Еми 2019Били Портер Еми 2019Џоди Комер

Најдобра актерка во споредна улога во драмска серија е Џулија Гарнер за „Ozark“.

Еми 2019Џулија Гарнер

„Чернобил“ се истакна како победник во категориите Најдобра лимитирана серија, Најдобра режија на лимитирана серија и Најдобро сценарио на лимитирана серија.

Еми 2019Екипата на „Чернобил“

Целосната листа на номинирани и победници можете да ја видите тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11281 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.