Славните личности постојано се мета на злобни коментари. Деновиве и Кристи Бринкли беше жртва на лоши зборови упатени кон нејзиниот изглед.
69-годишниот поранешен модел објави селфи фотографија и веднаш наиде на бројни негативни коментари за брчките на лицето и вратот.
„Колку тажно, не ни личиш на себе“, „Веројатно ќе ги игнорираме влакната на градите и ќе се фокусираме на филтрите“,„Што ли си направи со лицето?“ и „Непрепознатлива е“ – се дел од критиките.

Кристи не остана рамнодушна на коментарите и го промени описот на фотографијата.
„Бригадата ‘Брчки’ излезе со полна сила во одделот за коментари. Тие се луѓе кои ги скенираат страниците за славните личности, надевајќи се дека ќе најдат малку целулит, брчки или нешто кое ќе можат да го посочат и критикуваат. Тоа мора да е некоја форма на компензација за тоа што им недостига нив. Но, кога ќе се појават такви луѓе, има други кои настапуваат со пораки полни со љубезност и вредност. Тоа се коментарите кои ми ја враќаат вербата и ми го распејуваат срцето. Ви благодарам слатки души!“
„P.S. Очигледно немам влакна на градите. Телефонот има тенденција да создава чудни нешта во сенките. Но, што и да имав? Имајте прекрасен ден мои пријатели“ – напиша Бринкли.
Следуваше лавина од поддржувачки зборови од нејзините обожаватели, кои ѝ порачаа да ги игнорира злобните лица.
„Убавината зрачи од тебе. Ти си и отсекогаш си била прекрасна божица“, „Таа е прекрасна жена и не може да остане иста. Тоа се нарекува стареење“, „Изгледаш одлично како и секогаш. Игнорирај ги троловите, тие не заслужуваат ни да го дишат истиот воздух со тебе. Продолжи да инспирираш“ и „Нема ништо лошо во брчките. Тие се апсолутно нормални за таа возраст“ – се дел од коментарите кои продолжуваат да се редат на нејзиниот пост.




