Мишел Јео и Жан Тод се заколнаа на вечна љубов.
60-годишната Оскаровка стапи во брак со 77-годишниот поранешен шеф на Ферари на церемонија во Женева, Швајцарија. Среќната вест ја сподели бразилскиот Формула 1 возач Фелипе Маса, кој сподели фотографии за да му честита на новиот брачен пар.







Мишел и Жан се верија на 26 јули 2004 година. Тој често ја придружува ѕвездата од „Everything Everywhere All at Once“ на свеченостите.









„Се запознавме во Шангај на 4 јуни 2004 година. На 26 јули 2004 година, Жан ѝ предложи брак на Мишел и таа рече ДА! Денес, по 6.992 дена, на 27 јули 2023 година во Женева, опкружени со семејството и пријателите, пресреќни сме што заедно го славиме овој специјален момент“ – стои на картичката од нивната свадба.

Во март годинава, Мишел стана првата Азијка која некогаш добила Оскар за Најдобра актерка.
