Поминаа 30 години од премиерата на филмскиот хит „Mrs. Doubtfire“.
Актерите кои ги глумеа децата на Даниел Хилард (Робин Вилијамс) пораснаа и денес изгледаат сосем поразлично.
Слатката Мара Вилсон денес има 35 години, Метју Лоренс следниот месец ќе наполни 43 години, а Лиса Џејкоб неодамна го прослави својот 44-ти роденден.

Мара ја глумеше најмалата сестричка Натали, Метју влезе во улогата на Крис, додека Лиса беше најголемото дете Лидија.



„Mrs. Doubtfire“ ја следи приказната за разведен татко (Вилијамс), кој се претвора во куќна помошничка под името г-ѓа Даутфаер, со цел повеќе време да минува со своите деца, кои поради одлука на судот живеат со нивната мајка.

