Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 25 години по „That ’70s Show“: Погледнете го трејлерот за продолжението „That '90s Show“

25 години по „That ’70s Show“: Погледнете го трејлерот за продолжението „That '90s Show“

Две и пол децении по „That ’70s Show“, конечно излегува продолжение на популарната серија.

За почетокот на следната година, Netflix ја најавува новата мини-серија „That '90s Show“, во која дејството се случува во 1995 година и се состои од 10 епизоди.

Настаните започнуваат да се случуваат повторно во подрумот на Ред и Кити во Висконсин, а накратко се појавуваат и ѕвездите од оригиналната серија.

„That '90s Show“ ја следи Леја Форман, ќерката на Ерик и Дона, која е во посета на своите баба и дедо (Ред и Кити).

Ред и Кити ќе треба да се справуваат со нова генерација тинејџери кои голем дел од времето ќе минуваат во нивниот подрум.

„That ’90s Show“ ќе пристигне на Netflix на 19 јануари.

That ’90s Show“ That ’90s Show“ That ’90s Show“

Погледнете како изгледаа оригиналните актери од „That ’70s Show“, тогаш и сега:

That ’90s Show“ That ’90s Show“ That ’90s Show“ That ’90s Show“ That ’90s Show“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26582 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.